Италија го осуди иранскиот ракетен напад

Од:

Официјален Рим го осуди иранскиот ракетен напад во Ирак и повика на итно намалување на тензиите. Италијанското Министерство за надворешни работи ги повика и европските сојузници да работат на повторно воспоставување дијалогот, јави дописникот на МИА од Рим.

Италијанската армија е присутна во Ирак и тоа со 900 припадници, а главна задача им е да соработуваат со ирачките војници во борбата против Исламска држава.

Локалните медиуми објавија дека по американскиот напад во кој беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани, дел од италијанскиот контингент војници е преместен од база во Багдад на друга „безбедна локација“.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски