Италија го казни „Фејсбук“ со милион евра поради скандалот со „Кембриџ Аналитика“

Од:

Италијанското тело за заштита на личните податоци на граѓаните и изрече казна од еден милион евра на социјалната мрежа „Фејсбук“, поради прекршување на законите за заштита на личните податоци во врска со скандалот со аналитичката куќа „Кембриџ Аналитика“.

Во одлуката се наведува дека казната се изрекува поради незаконски активности во случајот со компанијата „Кембриџ Аналитика“, која добила пристап до личните податоците на 87 милиони корисници на „Фејсбук“, што ги користела за политички цели.

„Кембриџ Аналитика“ беше вклучена во кампањата за референдумот за Брегзит во Велика Британија, како и во кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп за изборите во 2016 година.

Ова е втора казна што властите во Рим му ја изрекуваат на „Фејсбук“, откако лани во декември италијанското тело за конкурентност ја казни социјалната мрежа со 10 милиони евра за „продажба на податоци на корисниците“.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски