Италија: Бројот на смртни случаи од коронавирус во денот 766

Од:

Италија објави денеска за 766 нови жртви на коронавирусот, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 14.681 лица во земјата, јави ДПА.

Вкупниот број заразени лица, вклучително и починатите и опоравените, се зголеми за 4.855 на 119.827, што е за четири отсто повеќе од вчера.

Денеска е петти последователен ден во кој бројот на новозаразени лица во Италија останува во опсег од 4050-4782 лица дневно, потврдувајќи ги надежите на владата дека епидемијата достигнала врв и се очекува да се намали во блиска иднина.

Дневниот број на загинати во последните три дена е помеѓу 727 и 766 лица, со 819 во вторникот наспроти 919 минатиот петок.

Од оние првично заразени, 19.758 лица денеска се целосно закрепенати, за разлика од вчерашните 18.278. Во оделите за интензивна нега има 4068 лица во однос на вчерашните 4053.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши