Истрелана ракета врз Амбасадата на ОАЕ во Триполи

Од:

Амбасадата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во либискиот главен град Триполи минатата ноќ беше цел на ракетен напад, но при инцидентот нема жртви.

Очевидци тврдат дека непознати лица од автомобил истрелале ракета врз комплексот во кој се наоѓаат Амбасадата и резиденцијата на амбасадорот, кој моментно се наоѓа во странство.

Веднаш по нападот тие избегале. Инцидентот е најнов во серијата напади врз амбасади и странски дипломати во Либија.

На 11. септември минатата година изламисти извршија ракетен напад врз американскиот конзулат во Бенгази. Во нападот загина американскиот амбасадор Крис Стивенс и уште тројца дипломати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски