Истражување во Белгија: Екстрактот од виолетова ехинацеа штити од вируси кои предизвикуваат респираторни инфекции

Од:

Екстрактот од растението виолетова ехинацеа (Echinacea purpurea) штити од вируси кои предизвикуваат респираторни инфекции, вклучувајќи го и вирусот Ковид-19, открија истражувачите од тимот на професорот Вим Ванден Берге од Универзитетот во Антверпен, објавија денеска белгиските медиуми.

Тимот сега работи да ги потврди резултатите и да открие како точно ехинацеата го поддржува нашиот имунолошки систем. „Ова растение се бори против разни вируси одговорни за респираторни инфекции, вклучувајќи го и корона вирусот. Исто така, го намалува ризикот од инфекција“, велат истражувачите.

За време на пандемијата, биомедицинските експерти работеа на развивање дополнителна заштита од вирусот за да се олесни товарот на пандемијата врз здравствениот сектор.

Професорот Ванден Берге се фокусираше на ефектите од фармаколошкиот препарат „Echinacea purpurea“, добиен од виолетовиот цвет на ехинацеа.

Првите лабораториски резултати беа позитивни: растението го зајакнува вродениот антивирусен имунитет.

Во три последователни клинички студии, научниците ги испитуваа ефектите на растителните екстракти врз возрасните и децата, секогаш со ветувачки резултати. Според истражувачите, пурпурната ехинацеа исто така го намалува бројот на настинки во целина.

„Во една студија кај деца, вирусното оптоварување во назалните секрети дури беше намалено за 98 отсто, што значително ја намалува вирусната инфективност“, велат истражувачите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски