Истражување: Со намалување на загадувањето може да се спречат околу 50 илјади смртни случаи во Европа

Од:

Ограничување на загадувањето на воздухот до препорачаните нивоа на СЗО може да спречи 50.000 предвремени смртни случаи годишно во Европа, се наведува во студијата објавена во списанието Лансет Планетари Хелт (Lancet Planetary Health).

Научниците споредија повеќе од 800 градови со ризикот од рана смрт предизвикана од два вообичаени загадувачи – азот диоксид – од автомобилите, и ситни честички од прашина, како што се чад, прашина и саѓи.

Компаративните графикони ја покажуваат состојбата на градовите и податоците за квалитетот на воздухот.

„Градовите се центри на загадување на воздухот“, нагласи водачот на студијата Марк Њуанжан од Институтот за глобално здравје во Барселона. Тој додаде дека се надева оти нивното истражување ќе им помогне на луѓето да ја сфатат опасноста од „тивкиот убиец“.

Истражувачите користеле специфични податоци за квалитетот на воздухот за секој град за да пресметаат колкав процент на смртни случаи може да се припише на изложеност на азот диоксид и честички од ситна прашина.

Околу 51.000 предвремени смртни случаи од ситни честички и 900 од азот диоксид може да се спречат годишно ако загадувањето спаѓа во стандардите на СЗО. Во просек, 84 проценти од градското население е изложено на препорачаните нивоа на СЗО за честички и девет проценти за азот диоксид. Препорачаната граница на СЗО за ПМ2,5 честички е 10 микрограми/ м3.

Мадрид е на врвот на списокот на жртви на азот диоксид со седум проценти смртни случаи предизвикани од тој загадувач. Следат Антверпен, Торино, Париз и Милано. Градовите во долината на реката По во Италија, јужна Полска и источна Чешка имаат најголем ризик од смрт поради загадувањето на воздухот со ситни честички прашина од индустријата или греењето. Северноевропските земји како Исланд, Норвешка и Шведска имаат градови со најмала смртност поради загадувањето на воздухот.

Околу седум милиони луѓе умираат предвреме во светот годишно од загаден воздух.

Студијата се фокусира на скриените ефекти врз здравјето на урбаното загадување на воздухот. Експертите ги повикуваат градските власти да преземат мерки за намалување на употребата на фосилни горива, промовирање на „зелен“ транспорт и инвестирање во зелени површини.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов