Истражување на Оксфорд: Комбинација на „Астра Зенека“ и „Фајзер“ ги произведува најдобрите одговори на Т- клетките

Од:

Доза на вакцината „Астра Зенека“, надополнета со втора доза на „Фајзер“, ги произведува најдобрите одговори на Т-клетките, како и подобар одговор на антителата, покажа најновото истражување на Универзитетот Оксфорд.

Примањето мешани вакцини, кога вакцината „Фајзер“ против Ковид-19 се дава четири недели по имунизацијата со „Астра Зенека“ ќе произведе подобар имунолошки одговор од втората доза на вакцината „Астра Зенека“, покажа истражувањето на Оксфорд, објавено вчера.

Истражувањето, наречено Com-COV, спореди мешана употреба на две дози вакцини „Фајзер“ и „AстраЗенека“ и откри дека тие произведуваат високи концентрации на антитела против спиралниот коронавирусен протеин во која било комбинација, пренесуваат британските медиуми.

Овие податоци ја поддржаа одлуката на некои европски земји да почнат да нудат алтернативи на „AстраЗенека“ за втората доза, откако беше откриено дека е поврзана со појава на ретки тромбози.

-Секако е охрабрувачки тоа што овие одговори на антителата и Т-клетките изгледаат добро при мешаното давање на вакцините, но треба да се користи начин што делива докажано, освен доколку не постои доволно добра причина за спротивното, изјави професорот на Оксфорд Метју Снајп, кој стои зад истражувањето.

Најголем одговор на антителата е забележан кај луѓе кои примиле две дози вакцина „Фајзер“, што дало подобри резултати отколку по приемот на две дози на вакцината „АстраЗенека“.

-Доза на вакцината „ AстраЗенека“ проследена со „Фајзер“ ги произведе најдобрите одговори на Т-клетките, а, исто така, и подобар одговор на антителата отколку во случајот на „Фајзер“ проследен со „АстраЗенека“, изјави Снајп.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска