Истражување: милион и пол Италијанци имаат развиено антитела за коронавирусот

Од:

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија или 2,5 проценти од популацијата развиле антитела против новиот коронавирус. Тоа е шест пати повеќе од официјалните податоци, покажува истражувањето на италијанскиот Институт за статистика и Министерството за здравство.

Официјалните податоци покажуваат дека од почетокот на епидемијата во Италија се потврдени 248.229 случаи на заразени со коронавирус и 35.126 смртни случаи. Според истражувањето, постојат разлики на локално ниво за присуство на антитела. Во северниот регион Ломбардија, каде беше жариштето на епидемијата, 7,5 проценти од населението има антитела, а во јужниот регион на Сицилија – само 0,3 проценти од населението.

Истражувањето исто така покажува дека речиси 30 проценти од луѓето со антитела се асимптоматски, што укажува на ризик од ширење на инфекцијата кај луѓе кои не биле свесни дека се заразени.

Уште во мај беше објавена студија за антитела во следната сериозно погодена земја, Шпанија, која откри дека само 2,3 милиони луѓе (или 5 проценти од луѓето) биле изложени на вирусот.

Приврзаниците на теоријата на колективен имунитет сметаат дека е потребно 60-70 проценти од луѓето да се разболат за да може заедницата да го пресече ланецот на инфекцијата. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим