Истражување: Ковид може да предизвика проблеми со плодноста

Од:

Една од причините за одбивањето вакцинација против коронавирусот кај дел од луѓето е тврдењето дека вакцините предизвикуваат неплодност. Иако нема докази дека било која од вакцините предизвикува проблеми со плодноста, постојат информации дека ваков проблем може да предизвика потежок облик на заболувањто.

„Постојат докази дека инфекцијата со коронавирусот може да влијае на степенот на плодност и кај мажите и кај жените, но може да има влијание на здравјето во текот на бременоста. Од друга страна нема докази дека вакцината има негативно влијание на плодноста ниту кај мажите ниту кај жените“ – вели Џенфиер Кавас од Медицинскиот факултет на Унверзитетот Емори во Атланта.

Научниците уште од почетокот на пандемијата го проучуваат влијанието на вирусот на репродуктивниот систем. Иако нема докази дека ковид може да се пренесе преку сексуален одност, научниците сметаат дека клетките на репродуктивниот систем можат да бидат цел на вирусот бидејќи имаат некои од рецепторите преку кои коронавирусот влегува во клетките.

Според последните истражувања, коронавирусот односно умерените или тешките инфекции предизвикуваат намален број сперматозоиди, воспаление на тестисите, восплаение на ејакулативниот канал како и болки во тестисите кај мажите кои се во репродуктивна возраст. Иако ова не се вообичаена компликации на заразата со коронавирусот, ова се фактори кои влијаат на намалувањето на плодноста.

Истражувањето наречено Understanding the cross-talk between mediators of infertility and COVID-19 е објавено во магазинот Reproductive Biology.

Би можело да ве интересира

Европските и азиските земји воведуваат рестрикции за патувања од ЈАР поради новата варијанта коронавирус

Вакцините се речиси сигурно помалку ефикасни против новиот вид на коронавирусот, тврди британски биолог

Во Израел откриен првиот случај на новиот опасен вид коронавирус

Катерина Павлова-Николовска

Итен состанок на СЗО, најновата варијанта коронавирус е најопасна досега

Катерина Павлова-Николовска

Во Јужна Африка откриена нова варијанта коронавирус

Катерина Павлова-Николовска

Европа е единствениот регион каде што продолжува да расте бројот на новозаразени со Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска