Истражување: Короната го зголемува ризикот од згрутчувања кај луѓето кои имале поблага форма

Од:

Луѓето кои имале Ковид-19 имаат зголемен ризик од развој на тешки згрутчувања на крвта до шест месеци по инфекцијата, дури и во благи случаи, покажа студијата објавена во медицинското списание BMJ. Претходните истражувања покажаа дека ковид го зголемува ризикот од згрутчување на крвта, но новата студија во медицинското списание BMJ покажува колку долго може да трае заканата.

За да откријат, истражувачите ги споредиле податоците од повеќе од милион луѓе во шведските национални регистри кои се заразиле со Ковид-19 од февруари 2020 до мај 2021 година, со контролни групи од над четири милиони кои не биле позитивни. Тие открија дека оние со ковид имаат поголем ризик од белодробна емболија, згрутчување на крвта што ги блокира артериите во белите дробови, до шест месеци по инфекцијата.

Имаше и зголемен ризик од длабока венска тромбоза – згрутчување на крвта што обично се наоѓа во нозете – до три месеци по инфекцијата со вирусот. По разгледувањето на голем број фактори, тие откриле 33 пати поголем ризик од белодробна емболија кај оние кои имале ковид, како и петкратно зголемување на ризикот од длабока венска тромбоза.

Дури и луѓето кои имале благи симптоми на кои не им е потребна хоспитализација имале поголем ризик од белодробна емболија и длабока венска тромбоза.

Шансите за формирање на згрутчување беа поголеми за време на првиот бран на пандемијата отколку во подоцнежните фази, што според научниците се должи на покриеноста со вакцини и подобриот третман како што одминуваше времето.

Истражувачите рекоа дека нивните наоди имаат „големи импликации за здравствената политика“, повикувајќи на дополнителен третман за да се спречи формирање на згрутчување на крвта, особено во случаи со висок ризик. Тие исто така нагласија дека нивните резултати ја истакнале важноста на вакцинацијата.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана