Истражување: Кајманските Острови најмногу помагаат во криење и перење на пари

Од:

Кајмански Острови се дел од британската „пајакова мрежа“ на сателити, каде Лондон влијае врз законите и именување на официјални лица, се наведува во истражувањето на невладините здруженија Мрежа за даночна правда (Tax Justice Network).

Британската прекуморска територија Кајмански Острови, САД и Швајцарија се држави кои најмногу им помагаат на ултра богатите луѓе да ги скријат и да ги исперат парите.

Мрежата истражуваше во која мерка правните и финансиските системи го олеснуваат криењето на имотот, анализирајќи ги законите за спречување на перење на пари, контролата и нивото на финансиски активности во некои држави.

– Англоамериканската оска на тајност ја зајакнуваат корупцијата и затајувањето на даноците, изјави извржниот директор на Мрежата за даночна правда, Алекс Кобхам.

Во истражувањето се наведува и дека европските министри за финансии Кајмански Острови ги ставија на црна листа на даночни оази, заедно со Панама, Сејшели и Палау.

Кајманските Острови, кои се во близина на Куба, во истражувањето се нарекуваат и центар на финансиската тајност, каде се регистрирани над 100.000 фирми, бројка што е поголема од бројот на жители.

Мрежата ги критикува и САД бидејќи од другите држави бараат реформи, а сами не направиле доволно да го сузбијат приливот на „валкани пари“ на своја територија. Авторите на истражувањето предупредуваат дека во некои американски сојузни држави се формираат фантомски компании.

На трето место, според Мрежата е Швајцарија со објаснување дека нејзината реформа на даночните тајни овозможува размена на информации со странските влади главно се однесува на богатите, а помалку на сиромашните држави.

Би можело да ве интересира

Апсења за измама во Прилеп: Осомничените фиктивно вработувале бремени жени и переле пари

Орце Костов

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

Акција „Синџир“: 28 фирми переле пари и затајувале данок – испрале над седум милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ

Тодоровиќ потпишувал и група од 15 лица переле пари преку Италија – со Воинот на коњ, лавовите проневериле над 16 милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ

„Бучим“ ги отфрла наводите за перење пари и корупција, групацијата вклучена во борбата против корупција

Сопствениците на „Бучим“ дел од меѓународен скандал за перење пари, 1,9 милијарда долари преместени во сомнителни фондови

Маја Илиевска-Пачемска