Истражување: Французите се опасни кога се зад воланот

Од:

Французите опасно се однесуваат кога се во автомобилите како возачи, бидејќи не ја почитуваат дозволената брзина, забораваат на трепкачите или испраќаат смс и електронски пораки додека возат, прозилегува од најновата студија на годишниот барометар на фондацијата Винчи Автопати, јави дописникот на МИА.

Испитувањето е направено од Ипсос пред мерките за изолација, од кои се гледа дека дури 91 отсто признале дека ги надминуваат, иако ретко, ограничувањата на брзината, 72 отсто дека не ги почитуваат безбедносните растојанија, 57 отсто дека го заборават трепкачот на вртење, претекнување или промена на правецот, а 27 отсто признале дека испраќаат е-пошта или смс порака додека возат.

Од четиринаесетте показатели што наведуваат на опасно однесување при возење, само три се во пораст, како не ставање безбедносен ремен (10 отсто,што е зголемување за два отсто) и возење на лентата за итни случаи на автопатот (четири отсто, што е раст од едне отсто).

Покрај тоа, 74 отсто од Французите при возење не го гледаат патот најмалку две секунди, индикатор што не беше регистриран минатата година. За ова време, автомобил со бризина од 130 километри на час минува 80 метри, наведува фондацијата.

Французите, од друга страна, посериозно гледаат на нивното однесување или на другите зад воланот: 20 отсто цитираат барем една негативна особина за нивното однесување зад воланот (неодговорно, опасно, стрес или агресивно) и 89 отсто на другите возачи.

Тие се плашат, исто како, и минатата година од агресивното однесување на друг возач (87 отсто), и кон кого испраќаат навреди и пцовки (70 отсто) и со кого повеќе се објаснуваат за спор кога ќе излезат од нивниот автомобил (18 отсто).

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано