Истражување: Европејците поделени во нивната подготвеност да продолжат да ги поддржуваат украинските бегалци

Од:

Европејците се поделени во нивната подготвеност да продолжат да ги поддржуваат украинските бегалци, покажа студија на Меркатор форумот за миграција и демократија (МИДЕМ) на германскиот Технолошки универзитет во Дрезден.

Вкупно 40 проценти од анкетираните Европејци се за поддршка на Украина и прифаќање на какви било негативни последици од тоа, додека 39 отсто рекле дека поддршката за Украина треба да се ограничи поради економските и социјалните ефекти.

Поради енергетската криза, поддршката за Украина може да се намали во иднина.

– Во следните неколку месеци може да се појави тест за солидарноста со Украина, изјави директорот на МИДЕМ Ханс Ворлендер на презентацијата на резултатите од студијата.

Според студијата, 55 проценти од Европејците сакаат да ја ограничат имиграцијата на странци.

Во источна Германија, Унгарија и Чешка, мнозинството луѓе гласаа за ограничена поддршка на Украина. Во земјите кои беа главно отворени за бегалци, како што е Шведска, околу две третини од испитаниците гласаа за поддршка на Украина. Во земјите со помало искуство со бегалци, како Полска, трендот е во спротивна насока. Таму 45 проценти гласаа за ограничувања. Во Полска има поголема поделеност од која било друга европска земја.

– Подготвеноста за поддршка на бегалците од Украина е голема. Сепак, нашата анкета, спроведена во 10 европски земји, исто така покажува дека многу луѓе не се подготвени да ги прифатат зголемените трошоци за живот како цена за поддршка на Украина, заклучи МИДЕМ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“