Истражување: Богати земји пријавуваат намалување наталитет другите имаат бејби-бум

Од:

Светскиот наталитет е намален за половина од 1950 година, и постојат големи разлики според животниот стандард во одделни земји, се наведува во студија на Институтот за методологија и здравствена проценка во Вашингтон.

Во истражувањето објавено во медицинското списание „Лансит”, се истакнува дека вкупниот број на деца, кои и се паѓаат на една жена во светот е намален од 4,7 во 1950 година до 2,4 во моментов.

Деведесет и една земја, главно во Европа и на американскиот континент, немаат доволно новороденчиња, за да го задржат сегашниот број на население.

Ситуацијата во Африка и Азија е различна – раѓањата таму се зголемуваат, според истражувањето на Институтот, финансирано од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Кипар е најмалку „плодна” нација на земјата, со во просек едно раѓање по жена, според податоците на Институтот. Спротивно е со жените во Мали, Чад и Авганистан, кои просечно раѓаат шест бебиња или седум во Нигерија.

Покрај, социо-економските фактори, кои ја објаснуваат оваа нееднаквост, образованието игра особено важна улога, велат авторите на студијата.

Обично зголемувањето на населението во земјите во развој е придружено со подобрување на животниот стандард, освен ако не се погодени од војни или други катастрофи, посочува Али Мокдад од Институтот за методологија и здравствена оценка.

-Колку повеќе се подобрува економијата на овие земји, толку е поверојатно да се намали нивниот наталитет, прецизира Мокдад.

Продолжувањето на човечкиот живот е зголемено од 1950 година од 48 на 71 години во просек за мажите и од 53 до 76 години во просек за жените во светот.

Би можело да ве интересира

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Помалку починати во 2022, најмногу умрени во јануари, жените подлоговечни од мажите за 4,3 години

Ана Ололовска

Трагедија во Австрија: Количка со две бебиња падна по стрмна падина, едно дете загина

Горан Наумовски

Негативен природен прираст во првиот квартал од 2023 година

Ана Ололовска

Холандскиот суд забрани донирање сперма на биолошкиот татко на 550 деца

Бугарските институции почнуваат да ги проверуваат сите болници во државата за можна размена на бебиња