Истражување: 80 отсто од Британците не се придржуваат кон препораките за самоизолација

Од:

Повеќе од 80 отсто Британци не се придржуваат кон препораките за самоизолација доколку имаат симптоми на Ковид-19 или биле во контакт со лице кое е заразено, покажуваат податоците од истражувањето на лондонскиот Кралски колеџ.

Колеџот на својата веб страница објавува податок, според кој, повеќето граѓани не знаеле да ги препознаат, ниту да ги наведат симптомите на Ковид-19.

Истражувањето ја доведува во прашање ефективноста на британската програма за „следење, тестирање и изолација“, а премиерот Борис Џонсон се обидува да го спречи ширењето на инфекцијата со воведување нови рестриктивни мерки.

Експертите тврдат дека само 18,2 отсто од Британците, кои во последните седум дена кај себе забележале симптоми на Ковид-19, останале во своите домови со мерки на претпазливост, а само 11,9 проценти побарале тестирање за коронавирус.

Во обид да се зголеми свеста кај граѓаните за придржување кон епидемиолошките упатства за „следење, тестирање и изолација“, Владата во Лондон неодамна одреди дека прекршителите на карантинот ќе мораат да платат казна во износ од 10.000 фунти, а лицата со ниски примања, кои мораат да бидат во изолација, ќе добијат парична помош од 500 фунти.

Анкетата покажала дека причините за непридржување кон мерките за изолација и самоизолација се движеле од непознавање на владините препораки до непрепознавање на симптомите на болеста.

Помалку од половина испитаници успеале да ги препознаат клучните симптоми на Ковид-19, наведувајќи ги кашлицата, температурата и губењето на сетилата за вкус или мирис.

Истражувањето користело податоци собрани во периодот меѓу 2 март и 5 август и се заснова на 42.127 одговори од 31.787 учесници на возраст над 16 години.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он