Истражувачи до Цукерберг: Фејсбук да не му дозволува на Трамп да дезинформира

Од:

Десетици истражувачи, чија работа е финансирана од фондациите на Марк Цукерберг, мнозинскиот сопственик на Фејсбук, во писмо му потенцираат дека социјалната мрежа не смее да му дозволи на американскиот претседател Доналд Трамп, како што кажуваат, да шири дезинформации и запалливи изјави.

Истражувачите, меѓи кои и 60 професори од водечките истражувачки институти во САД, побараа од Цукерберг да размисли за воведување построга политика кон дезинформациите и распалувачката реторика што им штети на луѓето, особено за време на превирањата околу расната неправда, што и натаму трае во САД.

Според американските медиуми, истражувачите тврдат дека писмото има повеќе од 160 потписници и дека околу 10 проценти од нив се вработени токму во фондациите што ги водат Цукерберг и неговата сопруга Присила Чен.

Писмото, конкретно, го критикува Цукерберг за неговата одлука на било кој начин да не реагира на контроверзната изјава на Трамп на Фејсбук ,во која тој во одговорот на немирите во Минеаполис, што избија откако бел полицаец го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, самиот напиша „кога ќе почнат грабежи, почнуваат и пукањата “.

Авторите на писмото истакнуваат дека изјавата јасно охрабрува насилство, а по неа Цукерберг најави дека ќе размисли за воведување на други можности за Фејсбук да реагира на постовите што ги кршат правилата на однесување на оваа социјална мрежа, бидејќи засега има само две опции: содржината да се означи како несоодветна или да се отстрани.

За споредба, Твитер објавите на Трамп со истата реторика веќе ги објави за несоодветни и ги деградираше.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп

Катерина Ѓуровски

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски