Историски пакт на САД, Британија и Австралија – жестоки критики од Кина

Од:

Кинеската амбасада во Вашингтон денеска им порача на САД, Велика Британија и Австралија „да се ослободат од менталитетот на Студената војна и идеолошките предрасуди“, откако трите земји објавија дека склучиле нов безбедносен сојуз.

Трилатералното безбедносно партнерство, наречено АУКУС, официјално постои од денес, откако лидерите на САД, Велика Британија и Австралија одржаа заедничка конференција преку видео врска, и овој договор предвидува Австралија да добие подморница со нуклеарен погон, пишува „Гардијан“.

Тоа предизвика силна политичка реакција во Австралија, Велика Британија, но и во Франција, чиј постоечки договор од 90 милијарди долари со Австралија одеднаш беше раскинат.

Иако ниту еден од лидерите на трилатералниот сојуз не ја спомена Кина, многумина сметаат дека пактот е одговор на „експанзионизмот и агресијата на Пекинг“ во Јужното Кинеско Море и кон Тајван, додава британскиот весник.

Портпаролот на кинеската амбасада, Лиу Пенгу, истакна дека државите „не треба да создаваат затворени блокови кои имаат за цел да ги повредат интересите на трета страна“.

Би можело да ве интересира

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он