Источниот брег на САД се подготвува за силна снежна бура, илјадници авионски летови се откажани

Од:

Жителите на американските сојузни држави Њујорк и Њу Ингланд се засолниле од налетот на силен ветер од североисточен правец, кој донесе студ и околу 60 сантиметри снег во една од најтешките снежни бури во последно време.

Метеоролозите предвидуваат многу силна бура, која се движи кон североисточниот брег на САД, откако се формираше над Атлантикот, поради што беа откажани бројните авионски летови за овој викенд.

Податоците покажуваат дека станува збор за 8.000 летови.

Владите на сојузните држави Мериленд, Масачусетс, Њу Џерси и Њујорк прогласија вонредна состојба и предупредија на можен прекин на електричната енергија, апелирајќи до граѓаните денеска да не патуваат.

Националната метеоролошка служба предупреди и на поплави во крајбрежните области, а ударите на ветерот би можеле да бидат и со брзина до 113 километри на час.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски