Сириската војска соопшти денеска дека испратила зајакнување во палмира, каде борците од Исламска држава успеале да дојдат до предградијата на градот и каде се водат најжестоките борби од кога исламистите ја изгубија контролата над овој историски град кон почетокот на годината.
„Исламска држава заеде подрачја кои се наоѓаат северозападно и југоисточно од Палмира, а борбите продолжуваат и денеска“, соопшти сириската војска.