„Исламска држава“ презеде одговорност за терористичкиот напад во Виена

Од:

Терористичката „Исламска држава“ (ИД, порано позната како ИСИС) во соопштението на своите канали на Телеграм, презеде одговорност за терористичкиот напад во Виена што се случи вчеравечер.

Во пропагандна порака, терористичката група ја поздрави смртта и ранувањето на 30 „крстоносци“ од страна на „војник на калифатот“, пренесува „Индепендент“.

ИД сподели видео на кое Кујтим Фејзулаи, терористот кој беше убиен откако го изврши синоќешниот напад во Виена, му се заколнува на лојалност на својот водач, Абу Ибрахим ал-Хашими ал-Кураши, на арапски јазик.

Тој претходно позираше на социјалните мрежи со автоматска пушка, пиштол и мачета со која беше вооружен за време на нападот.

Во синоќешниот терористички напад во Виена загинаа четири лица, меѓу кои и напаѓачот, 20-годишен приврзаник на Исламска држава, кој беше убиен од страна на полицијата. Во нападот се ранети 17 луѓе, од кои седуммина се во сериозна состојба.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“