Исламската Држава презеде одговорност за денешниот ракетен напад на градот Еилат, на југот на Израел.
Израелскиот противракетен систем срушил три проектили, соопштија израелските власти. Вкупно биле испалени седум проектили од египетскиот полуостров Синај, кој што претставува активно упориште на терористите.
Палестинските медиуми соопштија дека нападот е во организација на Исламска Држава, а не на Хамас, за да не многу подоцна и официјалните медиумски гласила на ИД ја потврдат одговорноста за нападот.
Се верува дека ова не е прв напад организиран од подружница на ИД од Синај врз Израел. Но ова е прв пат израелскиот противракетен систем да ги пресретне проектилите.