Исламска држава повика на напади против американските бази во Бахреин и шиитското мнозинство на островот

Од:

Групата „Исламска држава” ги повика своите следбеници да извршат напади во Бахреин, посебно против таму распоредените американски војници.

Повикот е упатен во видеозапис, со кој борците се повикуваат, исто така, да го напаѓаат шиитското мнозинство на островот управуван од сунити.

Во Бахреин е стационирана Петтата американска флота, а се гради и британска воена база.

По се изгледа, моментот за објавување на видеото е избран така што да се совпадне со вчера заврениот самит на Советот за соработка во Заливот, која се одржа во бахреинската престолнина Манама, со учество и на британскиот премиер Тереза ​​Меј.

Оваа недела Бахреин ќе биде домаќин и на т. н. Дијалог од Манама. Форумот за безбедност ќе биде отворен со говор на американскиот министер за одбрана Ештон Картер.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска