Исламска Држава ја потврди смртта на својот лидер и избра нов

Од:

Исламска Држава денеска ја потврди смртта на својот лидер Абу Ибрахим Ал Хашеми Ал Кураиши и го избра Абу Ал Хасан Ал Хашеми Ал Кураиши за нов лидер.

Американскиот претседател Џо Бајден во февруари соопшти дека американските специјални сили го убиле водачот на џихадистичка група во напад во северозападна Сирија.

Смртта на 45-годишниот Кураиши беше уште еден тежок удар за Исламската држава две години откако насилната група сунитски муслимани го загуби долгогодишниот водач Абу Бакр ал-Багдади во сличен напад во 2019 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад