Исламска држава бара откуп од 6,6 милиони долари за киднапираната Американка

Од:

Џихадистичката организација Исламска држава бара откуп во висина од 6,6 милиони долари за ослободување на 26-годишната американска хуманитарка, која е киднапирана минатата година во Сирија, како и за ослободување на една муслиманка од американски затвор, јави телевизијата АБЦ.

Киднапираната жена, чие семејство побара да не се открива нејзиниот идентитет од безбедбносни причини, е трета од најмалку четворица киднапирани Американци од страна на ИД.

Исламска држава бара и ослободување на Афије Сидикви, која во 2010 година е осудена за планирање на напад врз американски претставници во Авганистан. Нејзиното семејство упорно се обидува да се дистанцира од ИД.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск