Исламот во Франција доби повелба со принципи

Од:

Францускиот совет за муслиманска вероисповед официјално ја одобри повелбата за принципите на исламот во Франција со што треба да почне големо преструктурирање на втората религија во државата, јавија француски медиуми.

По неколкунеделна внатрешна криза, лидерите на Советот се согласија за текстот на повелбата, со кој се потврдува „компатибилноста“ на муслиманската вера со секуларноста на државата и со родовата еднаквост, и се отфрла употребата на исламот како средство за постигнување политичка цели.

Таа потврда на принципите на републиката беше на барање на францускиот претседател Емануел Макрон како дел од неговата офанзива против сепаратизмот и радикалниот ислам и ќе се реализира во нацрт-закон што сега го разгледува францускиот Парламент.

Усвојувањето на Повелбата со принципи го отвори патот за формирање Национален совет на имами, кој ќе ги одобрува имамите кои проповедаат во Франција. Повелбата се спротивставува и на мешањето на странски земји во муслиманската вероисповед во Франција. Една од нејзините одредби предвидува и построги правила за странски донации над 10.000 евра.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии