Ирскиот премиер Мајкл Мартин поднесе оставка, на негово место доаѓа Лео Варадкар

Од:

Ирскиот премиер Мајкл Мартин денеска поднесе оставка и на негово место ќе дојде Лео Варадкар.

Варадкар ќе биде потврден за премиер по вторпат во кариерата на специјална седница на ирскиот парламент подоцна во текот на денот.

Лидерот на либералната партија Фајн Гаел ќе го замени демохристијанинот Мартин, лидер на партијата „Фиана Фаил“, согласно коалицискиот договор од 2020 година.

Мартин ја поднесе својата оставка до ирскиот претседател Мајкл Д. Хигинс во неговата резиденција во Даблин.

Фиана Фаил и Фајн Гаел се договорија по изборите во 2020 година дека ќе ја делат власта со Зелената Партија.

Фиана Фаил освои 38 места, поединечно најмногу од која било партија.

Шин Фејн, социјалистичката републиканска партија, која освои 37 пратенички места, ги обвинува двете главни ривалски партии за заговор против неа за да ја соборат од власт и континуирано ја критикува владата како главна опозициска партија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден