Ирскиот премиер го поздрави новиот договор за Брегзит

Од:

Ирскиот премиер Лео Варадкар го поздрави новиот договор за Брегзит, кој денеска го постигнаа ЕУ и Велика Британија.

Варадкар напиша на Твитер дека новиот договор за Брегзит и овозможува на Британија да ја напушти Унијата „на уреден начин“.

Тој оцени дека договорот е добар и за Ирска, членките на Унијата и за Северна Ирска, штитејќи го единствениот пазар на ЕУ и местото на Ирска во него.

Ентузијазмот на Варадкар е спротивен со ставот на северноирската Демократска унионистичка партија дека договорот не е „во долгорочен интерес за Северна Ирска“.

Демократската унионистичка партија во Парламентот ја поддржува малцинската британска Влада. Партијата денеска потврди дека нема да гласа за новиот договор за Брегзит, оценувајќи дека Северна Ирска, врз основа на планот да се задржи отворена граница меѓу двете Ирски, ќе биде врзана за поинакви царински и даночни аранжмани од Велика Британија, што според пробританската унионистичка партија не е прифатливо.

Прашањето за границата меѓу двете Ирски беше најголема пречка за договор меѓу Лондон и Брисел, бидејќи британскиот премиер Борис Џонсон, како и голем број пратеници, се против одредбите од претходниот договор за излез што треба да обезбеди по Брегзит да нема „тврди граници“ меѓу двете Ирски, стравувајќи оти на тој начин Велика Британија би можела да биде тесно поврзана за трговските правила на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он