Ирска го казни Фејсбук со 265 милиони евра

Од:

Ирскиот регулатор за заштита на податоци (DPC) денеска го казни Фејсбук со 265 милиони евра, со што вкупната казна на компанијата Мета достигна речиси една милијарда евра.

Казната произлезе од истрагата што почна во април 2021 година, а беше поврзана со откривањето на повеќе лични податоци од Фејсбук што беа достапни на Интернет. На Фејсбук му беше наредено да спроведе низа корективни мерки.

Новата казна е веќе четврта изречена од DPC на една од компаниите на Мета.

Во септември ирскиот регулатор го казни Инстаграм со рекордна казна од 405 милиони евра, што Мета планира да ја обжали.

DPC ги надгледува Епл ( Apple), Гугл (Google) Тик Ток ( TikTok) и другите технолошки гиганти чие седиште во Европа се наоѓа во Ирска. Во моментов има 40 отворени истраги против такви компании, вклучително и 13 за Мета.

Ирскиот регулатор соопшти дека другите релевантни регулатори на ЕУ се согласиле со нивната денешна одлука, откако DPC минатиот месец ја сподели нацрт-одлуката според „едношалтерскиот систем“ (one-stop shop) на Унијата за регулирање на работењето на големите мултинационални компании.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ