Иранско МНР: Техеран ќе ги продолжи меѓународните разговори за нуклеарната програма

Од:

Иран „дефинитивно“ ќе ги продолжи разговорите во Виена насочени кон заживување на договорот за иранската нуклеарна програма, изјави Саид Катибзаде, портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран, јави ДПА.

– Дефинитивно наскоро ќе ги продолжиме преговорите почнати во април за имплементација на нуклеарниот договор од 2015 година во Виена, изјави Катибзаде, без да прецизира кога тимот назначен од иранскиот претседател Ебрахим Раиси ќе ги продолжи преговорите.

Минатата недела, Раиси повтори дека Иран ќе ги поздрави преговорите „насочени кон целта“ како дипломатски начин за решавање на нуклеарниот спор. Сепак, тие треба да се случат без никаков притисок и да се фокусираат на спроведување на договорот – особено укинување на американските санкции – нагласи тој.

Во април, преостанатите страни во иранскиот нуклеарен договор започнаа преговори за враќање на Техеран и Вашингтон, откако САД еднострано се повлекоа во 2018 година и повторно воведоа драстични економските санкции. Иран оттогаш ги крши условите од договорот.

Преговорите беа прекинати поради претседателските избори во Иран кон средината на јуни и сега треба да продолжат со новиот тим назначен од Раиси. Катибзаде зборуваше и за планираната посета на Техеран од страна на Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), но рече дека тоа се уште не е потврдено.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел