Иранските власти демантираат дека го криеле точниот број на заразени и починати од коронавирус

Од:

Иранската Влада вети дека ќе биде колку е можно потранспарентна околу прашањата поврзани со епидемијата од коронавирус, откако власта беше обвинета дека ја крие вистинската бројка на заразени и починати од Ковид-19.

Претходно Ахмад Фарахани, пратеник од градот Кум, јужно од главниот град Техеран, ја обвини Владата дека ја прикрива вистинската информација за ширењето на болеста.

Властите објавија дека досега од коронавирусот се починати 12 лица, но според Фарахани, смртните случаи се околу 50.

Иранскиот заменик министер за здравство, Ирај Харирчи „категорично ја отфрли“ таквата информација, додавајќи дека „сега не е време за политички конфронтации, бидејќи коронавирусот е национален проблем“.

„Ќе ја објавуваме секоја информација за бројот на смртните случаи во земјата. Ветуваме дека ќе останеме транспарентни“, истакна портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеј.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски