Иранските шпиони ја губат војната во сенка со Aмериканците и Израел

Од:

Во Сирија и насекаде низ светот, иранските тајни оперативци се борат за преживување

Трупите на моќната иранска Револуционерна гарда (ИРГЦ), и нејзината најпозната единица за извршување, силите Кудс, и мрежата на оперативци на Хезболах кои Иран ги подржува низ светот, почнуваат да изгледаат како извикани банди кои не можат да стрелаат право. Да бидеме сигурни, тие се сеуште опасни, но серијата неодамнешни инциденти кои се поврзани со овие групи, наведуваат дека сите нивни шпиони, атентатори и терористи веќе не се она што некогаш беа. И заради тоа, Техеран е загрижен.

Според извор од главниот град на Иран, загриженоста заради неефикасноста на ИРГЦ распалува жестоки внатрепартиски битки меѓу елитата, сега кога е критично време: војната во Сирија се заканува да го сруши најсилниот арапски сојузник на Иран, а конфронтирањето со Израел и со западот околу иранската нуклеарна програма доведе до поразителни санкции, при што воениот напад врз Иран од страна на Израел сеуште тлее како блиска веројатност. Ова е лош момент за иранците да откријат дека нивните најзастрашувачки тајни агенти се всушност неспособни.

На пример, минатата недела сириските бунтовници заробија група од 48 иранци кој наводно биле членови на ИРГЦ на „просветлувачка мисија“ во Дамаск. Низ Техеран се проширија гласини (а тоа е многу озборувачки град), дека шефот на силите Кудс, Касем Сулејман, бил неодамна ранет кога неговиот конвој бил нападнат во Дамаск. Во текот на изминатава година, најмалку девет ирански атентати и подметнувања на бомби низ светот не успеаја или беа пресретнати. Грозоморниот напад на автобус со израелски туристи во Бугарија минатиот месец, кога загинаа седумина и беа ранети 30, излегува дека бил единственот „успех“ за овие убијци, наместо тоа да биде општо правило.

Речиси на секој фронт во тајната војна со Израел и САД изгледа дека Иран страда од големи загуби. Нивната нуклеарна програма во 2010 беше попречена од компјутерскиот вирус Стакснет, и од барем уште еден друг вирус. Нивните научници беа напаѓани и петмина од нив убиени. Според еден извор, неодамнешните протекувања на информации им обезбеди на западните разузнавачки агенции деталн околу работата на иранската нуклеарна програма во воениот комплекс Парчлин, што може ги поттикна американците и нивните сојузници да ги засилат своите позиции во лабавите преговори за справување со кризата.

Како и секогаш во тајните војни, негирањето е дел од сликата, а понекогаш тоа се и вид на перверзни потврдувања. Иранската влада негира секаква врска со наводните заговори од минатата година во САД, Кипар, Индија, Тајланд и во Бугарија, иако е очигледно дека се тоа одмазди на нападите врз нивните научници. Иранската телевизија во неделата емитуваше документарен филм, насловен „Терор клуб“, во кој имаше „признанија“ на иранци кои кажаа дека биле обучени во Израел да извршуваат убиствени напади врз иранските нуклеарни научници. (Израел никогаш не ја признал својата улога во убиствата). Минатиот месец разузнавачки аналитичар од њујоршката полиција подготви детална хронологија на девет наводни заговори подржани од Иран во други градови низ светот оваа година, и сите наводно усмерени кон еврејски цели. Полицијата во Њујорк ја подигна безбедноста во неколку помали градови во околината на Њујорк.

Некои од наводните заговори на ИРГЦ излегува дека е тешко да се поверува дека се сериозни, или дека воопшто и биле смислени. Дали иранците навистина минатата година се обиделе да ангажираат членови на мексикански картел со дрога за убивање на саудискиот амбасадор во Вашингтон во преполн ресторан во градот? Мансур Арбабсар, американец со иранско потекло од Тексас, кој порано работел како продавач на користени коли, и за кого неговите адвокати велат дека е биполарен, чена на судење во Њујорк за неговата наводна улога како посредник во тој заговор.

Иранската влада упорно тврди дека иранските граѓани кои се сега „заложнци“ во рацете на сириските бунтовници се религиозни аџии кои биле во посета на шиитскиот храм Сајида Зејнаб во Дамаск. Но Техеран вели дека за нивниот третман како најодговрни ќе ги смета САД.

Игарњето напред-назад во негирањата потсетува на настан од пред 30 години во Либан, кога ирански агенти беа заробени од злобните милиции, и осветата дојде во форма на повеќекратно киднапирања од страна на иранците на американски новинари, на шеф на испостава на ЦИА, на еден американски полковник н на други западњаци.

Сеак, тогаш Иранците и нивните агенти кои работеа под закрила на министерствто за разузнавање (МОИС) покажаа импресивни, па и застрашувачки резултати. Во текот на 80-ите и во 90-ите, иранците изведоа серија атентати чија цел беа противнците на режимот во Париз, Женева, Рим, Виена, и на други места. Некогаш упоребуваа оружје, а некогаш автомобили бомби, као што беше случајот со две еврејски цели во Аргентина во кои загинаа повеќе од 100 луѓе на почетокот на 90-ите. На 6 август 1981, иранските агенти го убија поранешниот ирански премиер Шапур Бактиар во неговата силно обебедена куќа надвор од Париз, со нож од неговата кујна, а потоа мирно си излегоа од предната врата.

Сепак, во изминатите години, посебно по политичките превирања кои следеа по нерегуларните претседателски избори во 2009, МОИС се тргнати настрана во многу области на делување од посебната, независна и потрапава ИРГЦ. „Читате за елитните ИРГЦ и елитните сили Кудс“, вели еден ветеран американски оперативец во војната против тероризмот. „Па во ИРГЦ нема ништо елитно. Тие не се МОИ, кои пак има извесна елеганција“.

„Користат оперативци на Хезболах, кога можат да ги најдат, или ги позајмуваат, а немаат проблем дури и со ангажирање на криминални елементи“, вели американскиот оперативец. „Тоа се случува кога се обидувате да извршите девет заговори во шест месеци. Еден, можеби и два, но девет – и станувате трапав“.

Според еден од нашите дописници од регионот кои е во блиски врски со различни владини извори во Иран, постарите лидери од иранската армија која беше тргана настрана додека се зацврстуваше ИРГЦ, сега ја обвинуваат ИРГЦ за расфрлање со вредните воени ресурси и со политичкиот капитал во своите обиди да го спасат сирискиот режим на Башар ал Асад. Претседателот Махмуд Ахмадинеџат беше голем подржувач на Асад, велат овие извори, и му доставуваше скапа воена опрема во обидот да му помогнат да остане на власт. ИРГЦ на почетокот го советуваа Асад да биде цврст и да заборави на реформите, исто како што сторија тие кога ги разбиваа народните протести во Иран во 2009.

Можеби и иранските лидери го имаат истиот став – одбиваат да се ослободат од таквиот стратешки битен сојузник и со критичната врска со моќните сили на Хезболах во Либан – но Ахмадинеџат и иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Камнеи станаа противници, и Камнеи може да ги користи податоците за несупесите на ИРГЦ за оттаму да ги исфрли командантите кои не му дадоа подршка во овие внатрешни битки.

Според нашиот дописник, кого не го именуваме од безбедносни причини, „трката по кртот“ внатре силите Кудс започна, во потрагата по изворот или изворите на погрешните проценки и потецијално штетните истекувања на информации кон непријателските разузнавачки сили. Како и во многу други бирократии, полесно е да се обвини конспираторот, наместо неспособниот. Во меѓувреме, смртоносната игра на шпиони и против-шпиони продолжува.

Би можело да ве интересира

Твитер го блокира ајатолахот Хамнеи поради закани кон Трамп

Жарко Настоски

Рохани го повика Бајден САД да се врати на нуклаерниот договор

Ана Ололовска

Бајден е за решение на конфликтот меѓу Израел и Палестинците со две држави

Ана Ололовска

Во Израел продолжен националниот карантин поради Ковид-19

Ана Ололовска

СЗО: Во Израел секој петти човек е веќе вакциниран, а Палестинците не добиле ниту една доза

Жарко Настоски

Иранската морнарица за време на воена вежба забележала неидентификувана подморница

Ана Ололовска

2 comments

som 09/08/2012 - 15:13 at 15:13

Интересно. Што ви значи ова “според нашиот дописник” , А1нет има дописник ??

Reply
commanddevil 11/08/2012 - 20:44 at 20:44

ozna…sve dozna

Reply

Leave a Comment

3 × one =