Иранскиот претседател бесен: Ги обвини САД за „дивјаштво“ поради новите економски санкции

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ги обвини САД за „дивјаштво“ откако Вашингтон неделава на Техеран му воведе нови економски санкции.

-Американците на Иран му предизвикаа штета што се мери со десетици милиони долари, рече Рохани во обраќањето пренесувано од иранската национална телевизија.

Британските медиуми пренесуваат дека со глас што се тресел од лутина Рохани кажа дека станува збор за дивјаштво од невидени размери и сонародниците ги повика своите „клетви и омраза“ да ги насочат кон Белата куќа.

САД во четвртокот на својата „црна листа“ ставија уште неколку ирански официјални претставници и субјекти заради наводните тешки прекршувања на човековите права во Иран, во кои Вашингтон го вброи и судскиот процес против еден ирански борач, кој беше осуден на смрт, а потоа и погубен.

Претходно, во понеделникот на црната листа се најдоа и иранското Министерство за одбрана и други актери вклучени во иранската нуклеарна програма и програмата за развој на вооружувањето.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност