Иранскиот Парламент ја прекина работата поради коронавирусот

Од:

Иранскиот Парламент денеска донесе одлука за прекин на работата заради коронавирусот, информира портпаролот на президиумот на Законодавниот дом, Асадула Абаси, цитиран од агенциите.

-Заради ширењето на коронавирусот  во земјата президиумот донесе одлука да не се оддржуваат седници на парламентот до  некоја друга, поинаква, наредба, соопшти тој.

Претходно беше соопштено дека неколку ирански пратеници се заразени со новиот тип на коронавирус.

-Во врска со ширењето на заразата САД му понудија помош на Иран во борбата со коронавирусот, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Тој подвлече дека во моментов функционира хуманитарниот канал, што е создаден заедно со Швајцарија, кој во Иран овозможува да се испорачаат неопходните хуманитарни стоки.

Помпео изрази загриженост од недостигот на солидна здравствена инфраструктура и од фактот дека Техеран не ги споделува своите информации во врска со ширењето на заразата.

Управата за контрола на странските сметки (OFAC) на американското Министерство за финансии издаде одобрение за испорака на медикаменти и храна за Иран.

Во октомври 2019 година САД и Швајцарија создадоа финансиски канал за испорака на хуманитарни стоки. Првите три пратки беа испратени во текот на јануари како пилот проекти. Сега веќе државјаните на САД или на Швајцарија, кои добиваат одобрение од американското Министерство за финансии ќе можат да се занимаваат со испораки на такви пратки.

Швајцарскиот канал е создаден како исклучок од американските санкции врз Иран, држава која е обвинувана од САД дека го поддржува тероризмот.

Иранскиот потпретседател Есхак Џахангири на почетокот на февруари соопшти дека американските тврдења за недостиг на лекови и производи за Иран се „лага”.

Иран располага со милијарди долари во различни држави низ светот, но не може да ги користи за купување на лекови или производи бидејќи САД тоа не го одобруваат.

Присуството на швајцарскиот финансиски механизам е оценет како пропаганда, бидејќи тој не ја зема предвид големината на иранската економија. Потпретседателот подвлече дека токму годинава земјата увезла лекови за повеќе од три милијарди долари, додека швајцарскиот финансиски канал располага со само два милиона долара.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски