Иранскиот генерал Хајдари му се закани на Израел: Една грешка и ќе го срамниме Тел Авив

Од:

Тензиите меѓу Израел и Иран не се смируваат по неодамнешното убиство на високорангиран офицер на Корпусот на Иранската револуционерна гарда.

Генералот на иранската армија, Киумарс Хејдари, изјавил дека Иран го следи секој потег на Израел, предупредувајќи дека секоја грешка ќе биде казнета, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„За секоја погрешка на непријателот ќе ги срамниме Тел Авив и Хаифа до земја, по наредба на врховниот лидер“, вели Хајдари, командантот на иранските компени сили.

Тој додава дека технолошките достигнувања на иранската армија се трн во окото на непријателот.

„Единиците на копнената армија се опремени со прецизни оружја со голем дострел, а проширени се и капацитетите на дроновите и на оперативните проектили“, изјави тој.

Претходно оваа седмица беа откриени детали од извештај според кој безбедносните сили на Тајланд осуетиле и спречиле неколку обиди на Иран да извршат напади врз израелски и западни воени цели во Тајланд.

„Тајмс оф Израел“ пишува дека Иран наводно се обидувал да се одмазди за убиствата на неколку свои генерали, меѓу кои и полковник на Корпусот на Исламскатга револуционерна гарда.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад