Ирански генерал: Техеран е на работ на целосна конфронтација со непријателот

Од:

Командантот на иранскиот корпус на Гардата на исламската револуција, бригаден генерал Хосејн Салами вчера изјави дека Техеран се наоѓа „на работ на целосна конфронтација со непријателот”.

-Овој момент во историјата претставува најрешавачкиот момент од исламската револуција, бидејќи непријателот стапна на полето на конфронтацијата со нас со сета можна моќ, истакна генералот, кој беше назначен на чело на елитната воена формација минатиот месец.

Генералот Салами во неделата изјави дека Иран ќе им нанесе на САД „удар по главата”, ако Вашингтон преземе против Техеран конкретни активности.

Во почетокот на мај САД испратија дополнителни воени сили во реонот на Блискиот Исток, вклучувајќи и носач на авиони, бомбардери Б-52 и ракетни системи „Патриот”. Пентагон соопшти дека овие активности се преземени како одговор на знаците за зголемена готовност од страна на Иран за напади против вооружените сили и интересите на САД во регионот.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад