Ирански генерал ја презеде одговорноста за украинскиот авион: Посакав да сум мртов

Од:

Командантот на иранската Револуционерна гарда, генерал Амир Али Хаџизаде изјави денеска дека неговата единица презема „целосна одговорност“ за ненамерното соборување на украинскиот патнички авион.

Во своето обраќање на државната телевизија, Хаџизаде изјави дека кога дознал за соборувањето на авионот, при што загинаа 176 патници и членови на екипажот, „посакал да биде мртов“.

– Откако слушнав дека е урнат украински авион, посакав да сум мртов. Сакав да сум мртов и да не сум сведок на таква несреќа, рече командантот и се извини на нацијата.

Иранските вооружени сили соопштија дека го замениле авионот со непријателска мета во момент на ракетните напади врз две воени бази во Ирак, во кои се стационирани американски трупи.

Нападите беа одмазда поради убиството на иранскиот врховен генерал Касим Сулејмани, кој загина во американскиот воздушен напад во Багдад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски