Ирански брод потона во Оманскиот залив, најмалку 20 загинати

Од:

Најмалку 20 морнари загинаа кога брод на иранската морнарица потона за време на воена морнаричка вежба во близина на Ормушкиот Теснец.

Според иранските медиуми, несреќата се случила додека фрегатата „Јамаран“ тестирала нов проектил кој бил погоден од логистичкиот брод Конарак, пренесува Би-Би-Си.

Иранската новинска агенција Фарс јави дека еден морнар загинал, додека неколкумина се повредени „за време на вежбата на воената морнарица“ и ја опиша несреќата како „судир“, додека светските медиуми јавуваат дека загинале најмалку 20 морнари.

Како што пренесуваат, „Јамаран“ го запалил проектилот премногу брзо, така што Конарак немал време да се оддалечи од лебдечката цел што ја влечел на позицијата.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он