Американскиот беспилотен авион Предатор, на први ноември во меѓународниот воздушен простор над Персискиот залив го пресретнале два ирански авиони кои пукале на него, ама не го погодиле, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џорџ Литл.
Беспилотниот авион бил во рутинска мисија на надгледување на околу 30 километри од иранскиот брег, кога двата авиони Су-25 го пресретнале, што досега никогаш не се случило.
Авионите Сухој отвориле оган „најмалку двапати“, рече портпаролот Литл.
„Соединетите Американски Држави им дадоа до знаење на Иранците дека ќе се продолжи со прелетите над меѓународните води во Заливот, во согласност со воспоставената пракса и со нашиот ангажман за сигурност на теренот“, изјави тој.
Инцидентот беше премолчен за време на претседатеските избори и се соопштува дури денеска.