Иранската гарда и официјално прогласена за терористичка организација во САД

Од:

САД и официјално ја прогласија Иранската револуционерна гарда за странска терористичка организација, се наведува во соопштението објавено денеска во американскиот Сојузен регистар.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави дека ќе направи таков симболичен потег, кој е без преседан, што веднаш наиде на осуда од Иран и предизвика загриженост дека ќе бидат нападнати американските сили поради одмазда.

Исламската револуционерна гарда ги контролира иранските балистички ракети и нуклеарната програма. Исто така има влијание врз банкарскиот и бродоградителскиот сектор,

Новата одлука за прогласување на Гардата за терористичка организација ќе го олесни процесуирањето на компании или лица во Европска унија кои соработуваат со Иран.

Американскиот закон веќе ги казнува граѓаните на САД кои соработуваат со Исламска револуционерна гарда дури со 20 години затвор бидејќи организацијата се наоѓа на американската специјална листа на глобални терористи, на кои се применува поинаков начин на санкционирање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски