Иранска револуционерна гарда: Нашите ракети можат да погодат американски бродови

Од:

Заменикот командант на иранската Револуционерна гарда, Мохамед Салех Џокар тврди дека иранските ракети со краток дострел можат да дојдат до американските воени бродови во Заливот.

Иран ги обвини САД за „психолошка војна“, а врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека Техеран нема да преговара за нов договор откако Вашингтон се повлече од иранскиот нуклеарен договор, склучен во 2015 година.

– Дури и нашите ракети со краток дострел лесно можат да дојдат до американските воени бродови во Заливот. Америка не може да си ги дозволи трошоците за нова војна. Земјата е во лоша ситуација во смисла на работна сила и социјални услови, оцени Јокар.

Во меѓувреме, политичкиот заменик на командантот на оружените сили на Иран Расул Санаи-Рад го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за нечесност.

– Постапките на американските водачи во вршењето притисок и покренување санкции…додека зборуваат за водење дијалог е исто што и да држиш вперен пиштол кон некого и од него да бараш преговори и пријателство, истакна Санаи-Рад.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност