Иранките масовно ги потстрижуваат долгите коси

Од:

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како расплакана Иранка клечи покрај ковчегот на својот мртов брат и ја сече косата со ножици. Нејзините роднини повикуваат на правда додека таа ја фрла отсечената коса на ковчегот. Тие се простија од 36-годишниот Џавад Хејдари, кој беше убиен минатата недела во еден од антивладините протести што го зафатија Иран.

Сликите како овие ги инспирираа жените ширум светот да им се придружат на Иранките кои протестираат против смртта на 22-годишната Махса Амини. Таа почина во болница на 16 септември, три дена откако моралната полиција ја уапси на улица во Техеран и ја однесе во „центар за превоспитување“.

Од Блискиот Исток, Европа и низ Соединетите Држави, жените ширум светот покажаа солидарност со маките на Иранките на митинзи и демонстрации. Некои, исто така, ја шишаат косата или ги избричиле главите на јавно место или за време на снимање во живо.

Во својот дванаесетти ден, протестите зафатија повеќе од 40 ирански градови, вклучувајќи го и главниот град Техеран. Иранските безбедносни уапсија стотици демонстранти, а најмалку 41 демонстрант е убиени. Некои организации за човекови права наведуваат дека загинале дури 76 лица, пишува CNN.

За многу Иранки, сечењето на долгата коса е знак на убавина што мора да се сокрие во Исламската Република како форма на протест.

„Сакаме да им покажеме дека не ни е грижа за нивните стандарди, нивната дефиниција за убавина или како тие мислат дека треба да изгледаме. Покажуваме колку сме лути“, рече Фаезех Афшан (36), ирански хемиски инженер кој живее во Болоња, Италија.

Оваа практика се споменува во Шахнама, персиски еп стар 1.000 години. Ова дело се состои од речиси 60.000 стихови и зборува за персиските кралеви. Во него постојано се споменува сечење или влечење за коса како знак на жалост.

„Косањето на косата е древна персиска традиција, кога гневот е посилен од силата на угнетувачот. Дојде моментот што го чекавме. Политиката поттикната од поезијата“, напиша Шара Аташи, писателка и преведувачка од Велс, на Твитер. .

Во Шахнама, по убиството на Сијаваш, неговата сопруга Фарангис и девојките кои ја придружуваа си ја шишаа косата во знак на протест против неправдата, изјави Аташи за Си-Ен-Ен.

Практиката е вообичаена и во други древни култури. Епот за Гилгамеш, песна стара 3.500 години од античка Месопотамија (денешен Ирак) опфаќа теми на тага и очај, каде што сечењето или влечењето за коса се користи за изразување на болка. Епот се смета за едно од најстарите светски книжевни дела и наводно имал големо влијание врз соседните култури.

Шима Бабаеи, иранска активистка со седиште во Белгија, која рече дека била уапсена во 2018 година од озлогласената иранска полиција за морал затоа што јавно и го тргнала хиџабот во знак на протест, за Си-Ен-Ен изјави дека сечењето на косата има „историско значење“ за Иранците. Жените кои ќе изгубат роднина понекогаш ја потстрижуваат косата како знак на тага и гнев, вели таа.

„За нас Махса ни беше сестра. Вака протестираме. Сечењето на косата е жалост за загубата на некој близок. А во денешниот контекст, тоа е знак на протест против убиството на нашиот народ“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски