Иран заплени Британски танкер

Од:

Иранската Револуционерна гарда соопшти денеска дека запленила Британски танкер со нафта во стратешкиот Ормутски Проток, бидејќи бродот ги нарушувал „меѓународните морски правила“.

Танкерот „Стена Имперо“ пловел под британско знаме, чија крајна дестинација била Саудиска Арабија, објави Би Би Си.

Сопствениците на „Стена Имперо“ соопштија дека загубиле контакт со бродот, кога тој „се упатил кон Иран“. Според компанијата, на бродот има 23 членови на екипаж, а според последните информации, кон него се приближувале „неидентификувани мали чамци и хеликоптер“. Тоа се случило во Ормускиот Проток.

Британскaта канцеларија за надворешни работи објави дека во тек е итна проверка на информацијата, а владиниот вонреден комитет Кобра ќе се сретне по повод инцидентот.

Тензиите меѓу Иран и Велика Британија се зголемија во последните две недели, откако властите во Гибралтар со помош на британската морнарица го запленија иранскиот танкер со нафта „Грејс-1“ под сомнеж дека илегално превезува нафта за Сирија. Тоа ги влоши односите меѓу Техеран и Лондон, по што иранските власти се заканија со преземање реципрочни мерки.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел