Иран тврди дека се откриени убијците на научникот Фахризаде

Од:

Иранските власти денеска соопштија дека го откриле идентитетот на лицата вмешани во убиството на водечкиот експерт за нуклеарна физика во земјата, Мохсин Фахризаде.

-Иранското Министерство за разузнавање ги откри идентитетите на лицата поврзани со минатонеделното убиство на Мохсин Фахризаде“, изјави портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи, пренесе агенцијата Анадолија.

Тој за иранската државна телевизија изјави дека е во тек детална истрага за атентатот и дека Иран ќе преземе чекори во согласност со резултатите од оваа истрага.

Иранскиот министер за разузнавање Махмуд Алеви, пред три дена изјави дека Иран собрал одредени информации за атентатот, но не откри детали.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел