Иран се закани со затворање на Ормускиот Проток

Од:

Ако на Иран не му биде дозволено да извезува нафта преку Ормускиот Проток, тогаш властите во Техеран би можеле да го затворат теснецот за сообраќај, изјави денеска иранскиот контраадмирал Алиреза Тансири.

Ормускиот Теснец е клучниот стратешки воден пат што го поврзува Персискиот Залив со Индискиот Океан. Низ протокот се превезува околу 20 проценти од произведената нафта во светот.

Заканите од Техеран доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Техеран и Вашингтон, откако минатата недела САД ја прогласија иранската Исламска револуционерна гарда за терористичка организација, а Иран возврати со прогласување на американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) за терористичка група.

САД претходно се заканија дека иранскиот извоз на нафта ќе „го сведат на нула“, иако им дозволија на неколку држави да продолжат со набавка на енергенсот од Иран. На листата на земји кои добија „времена дозвола“ за увоз на иранска нафта се Грција, Индија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Турција и Тајван.

И покрај американските санкции, Иран соопшти дека годинава приходите на земјата од извоз на нафта се зголемиле за 50 проценти во однос на лани.

Би можело да ве интересира

Иранскиот шеф на дипломатијата пристигна во Биариц каде се одржува самитот на Г7

Трамп негира дека се согласил Макрон да преговара со Иран во име на Г-7

Израелски авиони нападнаа ирански сили во близина на Дамаск

Иран и Русија извршија ракетни тестирања

Ана Ололовска

Зариф во Париз на средба со Макрон за иранскиот нуклеарен договор

Ана Ололовска

Зариф: Иран нема да почне војна во Заливот, но ќе се брани

Ана Ололовска