Иран: САД не можат да зборуваат за прашањата поврзани со нуклеарната спогодба, од која се повлекоа

Од:

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека САД, кои еднострано го напуштија нуклеарниот договор во 2018 година, немаат право да зборуваат на теми поврзани со договорот.

Министерството издаде писмена изјава на годишнината од напуштањето на нуклеарниот договор од страна на американската администрацијата во Вашингтон, јави агенцијата Анадолија.

Во соопштението се додава дека САД го напуштија и го прекршија договорот, како и дека се обидуваат да го казнат секој кој го почитува договорот.

„САД не се во состојба да зборуваат за прашања поврзани со нуклеарниот договор“, се вели во соопштението.

Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера изјави дека во последниот став од своето писмо до лидерите на групата П5 + 1 (пет постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации плус Германија) напиша за можните последици доколку ембаргото за оружје не се укине во предвидениот рок.

Во мај 2018 година, американската администрација еднострано се повлече од договорот потпишан во 2015 година, а потоа повторно почна да воведува санкции за Техеран.

Во средината на 2015 година Иран го потпиша нуклеарниот договор со групата „П5 + 1“ .

Иран своите чекори за намалување на обврските од нуклеарната спогодба ги темели на член 36 од Договорот, што наведува дека освен ако не се укинат санкциите, има право да го раскине договорот во целост или делумно.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он