Иран: САД им помагаат на диктатори и екстремисти на Блискиот исток

Од:

САД поддржуваат „диктатори, касапи и екстремисти“ на Блискиот Исток, напиша денеска иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф на „Твитер“, како одговор на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата.

„Непријателското однесување на САД придонесе американска поддршка да уживаат диктатори, касапи и екстремисти, кои се одговорни за уништување на нашиот регион“, напиша Зариф.

Напнатоста меѓу Техеран и Вашингтон се интензивира откако Трамп во мај минатата година ги повлече САД од мултилатералниот нуклеарен договор и повторно воведе санкции против Иран.

Би можело да ве интересира

„Ерусалим пост“: САД планираат „фосфорно“ бомбардирање на цели во Иран