Иран прогласи општа мобилизација поради коронавирусот

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска прогласи „општа мобилизација на нацијата и Владата“ поради соочување со третиот бран на коронавирусот, откако здравствените власти потврдија најголем број на дневни случаи во најтешко погодената земја на Блискиот Исток.

– Ги повикувам сите владини организации и други институции да им помогнат со сите сили на Министерството на здравство и на медицинските работници, истакна Рохани.

Владата вчера соопшти дека од 21 ноември во Техеран и околу стотина други градови низ земјата ќе бидат воведени построги ограничувања.

Во Иран во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 12.543 новозаразени случаи, со што вкупниот број во земјата од почетокот на пандемијата достигна 762.068 лица. Министерството за здравство потврди и 459 нови смртни случаи, вкупно 41.493 починати лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски