Иран почна воени вежби во Омански Залив

Од:

Иранската морнарица денеска почна дводневни вежби со ракети со краток дострел во Омански Залив. Воената вежба се одржува во период на зголемени тензии поради иранската нуклеарна програма.

Воената вежба што се одржува во југоисточниот дел на Омански Залив, учествуваат два нови брода од иранско производство Зерех за лансирање на ракети и иранскиот најголем воен брод, носач на хеликоптери Макран.

Американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година еднострано ги повлече САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, според кој Техеран се согласи да гои ограничи збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции. Трамп како причина за повлекувањето, помеѓу другото, ја наведе иранската балистичка програма.

Иран изминатите недел одржа повеќе воени вежби. Револуционерната гарда во саботата одржа поморска парада во Персиски Залив, а една недела претходно Иран одржа голема воена вежба со беспилотни летала.

Макран е логистички брод кој служи како поддршка на флотата може да плови речиси три години без вкотвување, а на него се наоѓа опрема за собирање и обработка на информации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски