Иран ослободи британска научничка обвинета за шпионажа, во замена за тројца Иранци во западните затвори

Од:

Иран ја ослободи британско-австралиската академик Кајли Мур-Гилбрет во замена за тројца Иранци кои биле во притвор во странство, јави интернет страница поврзана со иранската државна телевизија.

– Ирански бизнисмен и двајца ирански државјани кои беа притворени во странство под неосновани обвиненија се разменети за Кајли Мур-Гилберт, национална шпионка со двојно државјанство, која работеше за ционистичкиот режим, соопшти на Твитер Клубот на млади новинари (Young Journalist Club), а пренесоа светските агенции.

Тројцата Иранци кои се ослободени како дел од размената, биле приведени поради обид да избегнат санкции, информира иранската државна телевизија.

Мур-Гилберт, експерт за политика на Блискиот исток на Универзитетот во Мелбурн, беше приведен во септември 2018 година во Иран.

Таа беше осудена на 10 години затвор за шпионажа.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел