Иран: Не сакаме чекор по чекор, САД да ги укинат сите санкции

Од:

Министерството за надворешни работи на Иран денеска оцени дека постепеното укинување „чекор по чекор“ на санкциите против земјата е целосно неприфатливо, јави иранската телевизија.

– Конечен став на Иран е укинување на сите американски санкции, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Саед Катибзадех.

Портпаролката на Стејт департментот, Џалина Портер во петокот изјави дека на разговорите следната недела во Виена за обновување на иранскиот нуклеарен договор со светските сили од 2015 година, фокусот ќе биде ставен на чекорите што Техеран треба да ги преземе за да ја усогласи својата политика со тој договор.

Договорот на Иран со големите сили (САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија) од 2015 година предвидува ограничување на иранската нуклеарна програма на мировни цели во замена за укинување на санкциите.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност